ВИДЕО | Наместо во Сомбор, Никола Јокиќ замина за Лас Вегас! Погледнете како Србинот ја прослави титулата во ‘градот на гревовите’: “Тотално лудило!“

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ по парадата во Денвер Нагетс се упати кон „градот на гревот“ за да ја продолжи прославата на освојувањето на титулата во НБА лигата.

На социјалните мрежи се појавија видеа снимени во Лас Вегас, на кои Никола Јокиќ е видно расположен.

Во преполниот клуб Никола Јокиќ застанал до диџејот и како и сите други уживал во забавата и музиката.

Пред тоа, целиот тим на Денвер Нагетс имаше парада во тој град во Колорадо, а се чини дека заедно сакале повеќе да се опуштат по тешката и најуспешна сезона во историјата на франшизата.