“ПАРИТЕ СЕ САМО БРОЈКА!“ – Лука Модриќ одбил неверојатна сума на пари од Саудиска Арабија, поради една сезона во Реал Мадрид!

Лука Модриќ се откажал од неверојатни 200 милиони евра за три години во Ал Хилал за една сезона во Реал Мадрид.

Според новинарот Џанлука Ди Марцио, играчот од средниот ред ја одбил понудата од клубот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, со која би му биле дадени 200 милиони евра за три години.

Пред еден месец Лука Модриќ го продолжи договорот со клубот од Мадрид на уште една сезона.

Играчот од средниот ред, кој во септември наполни 38 години, минатата сезона забележа 52 настапи за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и шест асистенции.