НАСА ИЗДАДЕ ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – “Канибал“ може да се случи денес !?

Американската национална управа за океани и атмосфера (НОАА) објави дека во текот на денот планетата Земја би можела да биде погодена од геомагнетна бура со голема јачина, што е резултат на ерупција на огромна количина сончев материјал на површината на Сонцето, пренесува CNBC.

Американската вселенска агенција (НАСА) се приклучи на овие проценки кои наведуваат дека сончевата бура наречена „Канибал“ е многу моќна и може да предизвика нарушување на радио комуникацијата, како и невообичаени појави на поларна светлина на земјата.

Експертите на НАСА тврдат дека овој феномен на зрачење енергија поради експлозија на Сонцето ќе трае околу 15 часа.