НАЈГОЛЕМИОТ ВУЛКАН ВО ЕВРОПА ЕРУПТИРАШЕ – Етна повторно исфрла лава

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна на Сицијалија, од синоќа повторно еруптира и исфрла лава.

Според италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) во Катанија на Сицилија, фонтаната од лава се издигнала до надморска височина од 6.000 метри и го осветлила ноќното небо на истокот од островот.

Во три села на Сицилија е забележан дожд од пепел.

Според ИНГВ, состојбата се смирува и не се очекуваат нови поголеми ерупции.

Вулканот Етна последен пат еруптираше во средината на ноември годинава.