Разорен земјотрес во Кина: Спасувачите трагаат по затрупаните под урнатините! (ВИДЕО)

Најмалку осум лица ги загубија животите во земјотресот со разорен јачина од 6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Кина.

– Најмалку осум лица го загубија животот, а неколку од нив се заробени – јавува БНО њуз.

Земјотресот бил почувствуван на 36 километри западно и северозападно од Линши Ченгхуажен. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 11 километри, јавува ЕМСЦ.