Во морето пронајдено тело на Италијанец кој исчезна во невреме

Телото на загинатиот го забележала екипажот на туристичкиот брод

По интензивна потрага во морето во близина на пристаништето Новиград, пронајдено е телото на 71-годишен италијански државјанин , кој во петокот поради невреме падна од едрилица, јавија денеска хрватските медиуми.

Телото на загинатиот го забележала екипажот на туристичкиот брод. 

Информацијата за исчезнувањето по падот од едрилицата во морето, кај Новиград во Истра, била пријавена кај службениците на Капетанијата на пристаништата во Пула во петокот околу 16 часот и 15 минути, по што била започната координирана потрага по исчезнатите, а за инцидентот била известена и поморската и аеродромската полициска станица Пула, објави Индекс.хр.

По прегледот на телото, судскиот вештак утврдил дека причина за смртта е давење, а надлежното обвинителство нареди обдукција.