ВИДЕО | Наместо ‘лудо и незаборавно’ оваа студентска забава завршила фатално! Се качиле на кров од куќа а тој се урнал…
Дел од куќа во близина на Државниот универзитет во Охајо се урна, а 14 лица се повредени кога неколку студенти се качиле на покрив кој не ја издржал нивната тежина, соопштија тамошните властите, обајви медиумската агенција Beta.
Во соопштението, противпожарната служба известила дека синоќа околу 19 часот по локално време добила дојава дека се урнал покривот на куќа.
Пожарникарите превеле 14 лица во околните болници со различни повреди, но сите биле во стабилна состојба.
Официјалните лица изјавиле дека од 15 до 45 луѓе се качиле на покривот на куќата, кој не бил изграден да издржи одење по него, поради што се урнал.
Имињата на сопственикот или станарите на домот сè уште не се објавени во јавноста, а домот не се наоѓа на имотот на Државниот универзитет во Охајо.