ВИДЕО | НАТО ОБЈАВИ КОГА УКРАИНА ЌЕ СТАНЕ ЧЛЕНКА – Јенс Столтенберг ги откри сите детали од средбата во Литванија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес изјави дека Украина ќе биде поканета во Алијансата кога ќе се договорат сите сојузници и кога ќе бидат исполнети сите услови, објави весникот The Guardian.

За потсетување, овогодинешниот самит на НАТО започна денес во Вилнус, главниот град на Литванија.

НАТО Самит Вилнус

Јенс Столтенберг изјави дека вечерва ќе се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а утре ќе има состанок на НАТО за членството на Украина. Претходно денеска Володимир Зеленски бурно реагираше поради „бавниот“ процес на приклучување на неговата земја во Алијансата.

Ги цениме нашите сојузници. Ја цениме заедничката безбедност. Секогаш го цениме отворениот дијалог. Украина ќе биде претставена на самитот на НАТО во Вилнус. Станува збор за почит. Но, Украина исто така заслужува почит“, кажа Володимир Зеленски во објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер претходно денес.

На оваа објава од страна на претседателот на Украина стигна и одговор од Јенс Столтенберг.

НАТО и дава на Украина значаен пакет кој содржи многу различни елементи кои ќе и помогнат на таа земја да го започне пристапниот процес. Ова е многу практична поддршка. НАТО никогаш не испратил посилен сигнал до Украина, и политички и на ниво на практична помош. Ако се погледнат сите досегашни процеси на пристапување во НАТО, ниту еден од нив не се засноваше на временски рамки, туку на исполнување на условите“, вели Јенс Столтенберг.

Лидерите на НАТО се собраа во литванскиот главен град Вилнус на клучниот и според многумина историски дводневен самит кој би можел да ја одреди насоката на војната во Украина и иднината на овој западен воен сојуз.