ВИДЕО | “НАЈВИСОК СТЕПЕН НА СЕРИОЗНОСТ!“ – Огромен пожар во близина на мостот на Крим: Гори руски магацин за гориво

Магацин за гориво во близина на клучниот мост на полуостровот Крим во југозападниот руски регион Краснодар се запалил во раните утрински часови во средата, објави регионалниот гувернер, но нема првични извештаи за жртви, пренесува медиумската агенција Reuters.

Пламен и црн чад се издигнале над големите контејнери со црвени предупредувања на кои пишува – „Опасност“ се гледа во видеата објавени на руските социјални мрежи, иако Reuters не можеше независно да ги потврди извештаите за пожарот или видеата.

Пожарот е класифициран како највисок степен на сериозност“, напишал Вениамин Кондратиев на социјалната мрежа Телеграм, гувернер на Краснодар, град кој се наоѓа на Азовското Море до Украина.

Пожарот избувнал во селото Волна, во административната област Темрјук, според информациите на гувернерот, а истиот се наоѓа во близина на Кримскиот мост, кој го поврзува руското копно со полуостровот Крим, кој го анектираше од Украина во 2014 година.

Се прават сите напори да се спречи понатамошно ширење на пожарот“, додал гувернерот и кажал: „Нема никаква опасност за селаните“.

Инцидентот се случил откако напад со беспилотно летало запалил руско складиште за гориво во кримското пристаниште Севастопол рано во саботата во, како што објави официјална Москва, напад од Украина.

Украина речиси никогаш јавно не ја преземала одговорноста за нападите во Русија и на територијата под руска контрола.