ВИДЕО | Најлудата снимка од сооблекувалната на Партизан! Погледнете како кошаркарот посегна по шише пиво – неговиот гест ги ‘осови’ социјалните мрежи: “Вистински Балканец!“
Кошаркарот на Партизан, Ален Смаилагиќ, уживаше во црно-белото славје по освојувањето на титулата, можеби повеќе од некои негови соиграчи.
Прво, по освојувањето на титулата во АБА лигата, адреналинот го однесе на трибините, па испеа навредлива песна против вечниот ривал на Партизан. А, после тоа во црно-белата соблекувална на интересен начин го реши проблемот наречен „отворање на пиво“.
За музиката во сооблекувалната бил задолжен Лесор, а кошаркарите заминале кај него да земат заслужено освежување по напорниот натпревар, финалната серија и воопшто сезоната.
На видеото објавено на клупската телевизија на Партизан може да се види моментот кога Ален Смаилагиќ го отвора шишето со заби и продолжува со прославата.
Видеото заврши на социјалните мрежи каде собра голем број прегледи и реакции, а имаше и многу коментари од типот дека тој е вистински Балканец, и дека само оние од Балканот знаат на таков „мајсторски“ начин на отворат шише пиво.