“МНОГУ СМЕ ВОЗНЕМИРЕНИ“ – Жозеп Борел за последните случувања на северот на Косово: “Ескалацијата продолжува и станува опасна, нема тоа да го толерираме“

Првиот човек на европската дипломатија, Жозеп Борел изјави дека и покрај вчерашната кризна средба во Брисел, ескалацијата на северот на Косово продолжува и станува опасна и да нема тоа да се толерира.

Многу сме вознемирени од ситуацијата на северот на Косово: Апсења на Срби, маршот на Косовските безбедносни сили во јужна Митровица, проследен со тешка реторика од Србија“, напиша Жозеп Борел во објава на социјалната мрежа Твитер.

Жозеп Борел по одвоените средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премеир Албин Курти вчера во Брисел изјави дека произволните и незаконски апсења се неприфатливи и истакна дека ЕУЛЕКС ќе почне посилно да ја следи ситуацијата.

Тој повика на темелна истрага и проценка на апсењатат, како и да се преземат соодветни дејствија потоа.

Му повторив и на Александар Вучиќ дека тројцата косовски полицајци кои беа уапсени во Србија мора веднаш и безусловно да бидат ослободени“, стои во објавата на Жозеп Борел.