“УПАТИВ ПИСМО ДО ЕМАНУЕЛ МАКРОН И ОЛАФ ШОЛЦ!“ – Еди Рама отворено призна дека односите со Албин Курти не се како порано

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на попладневната прес конференција главно посветена на состојбата на Косово, кажа дека – „Албанија не е и никогаш не може да биде нотар на политиката што ја следи Косово“.

Додаде дека нема личен проблем со косовскиот премиер Албин Курти, но по последните коментари кога го отфрли нацртот за формирање на ЗСО предложена од него, со аргумент „нека му го претстави на Белград за Прешевската Долина“, работите меѓу земјите веќе не се како што треба.

Според Еди Рама, доколку Албанија се смета за „големиот брат“ на Косово, нејзината обврска е да ги каже работите отворено онакви какви што се. А вистината, според Еди Рама, е дека работите за Косово во неговите меѓународни односи се многу лоши.

За мене е многу јасно што се случи. Албин не сакаше директно соочување на оваа тема бидејќи Албин чита анкети и е задоволен што неговите поени растат. Меѓутоа, Албанија не е нотар и никогаш не може да биде нотар на политиката што ја следи Косово. Уште повеќе кога Албанија ја сметаат за ‘голем брат’ на Косово, како што велат, не јас, затоа што никогаш не сум рекол такво нешто. Наша должност е да ја кажеме вистината и да стоиме на своето. Албанија е посебна земја која има свои интереси“, изјави Еди Рама.

Оцени дека договорите што беа готови за потпишување „можеа исто така да се потпишат без потреба да се приредува шоу како работите да се нормални”. 

Но, работите не се нормални, лоши се и правам се за да го избегнам најлошото. Во име на албанската влада даваме се од себе. Но, ако дојде денот да се разговара за лојалноста на партнерите со Косово, тоа е многу лошо. Сметам дека е страшно што се замрзнаа одредени програми за соработка на ЕУ со Косово. Во овој случај, катастрофа е да се прекинат врските со евроатлантската заедница“, смета тој, кој изрази подготвеност дека во секој момент е подготвен за средба со Албин Курти.

Еди Рама и порача на Србија дека нема да се разговара за ниту едно прашање освен за ослободување на тројцата полицајци, додавајќи дека „ваквата состојба е штетна за регионот, за процесот на Отворен Балкан и за самата Србија“.

Нема средба, нема друг развој што се однесува до Отворен Балкан, се додека полицајците се во затвор“, предупреди Еди Рама, додавајќи дека конфликти се  Балканот се во корист на Владимир Путин и Русија.

Соопшти дека завчера го испратил второто писмо до претседателот Еманиел Макрон,  канцеларот Олад Шолц и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во кое ја подвлекол неопходноста од реализација на француско-германскиот план, со поддршка од САД.

80%
Awesome
  • Design