ВИДЕО | НОВ ГАФ! Џо Бајден повторно се посрамоти – претседателот на САД повторно хит на Интернет: Погледнете што направи за време на интонирањето на химната на Индија!

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден направи неочекуван гаф при посетата на индискиот премиер Нарендра Моди во Белата куќа.

Џо Бајден ја стави раката на срцето за време на интонирањето на националната химна на Индија, а видеото од гафот на американскиот претседател брзо се прошири на социјалните мрежи и стана вистински хит.

На првите стихови од индиската национална химна „Јана Гана Мана“, Џо Бајден ја крена раката и ја стави над срцето. Многу брзо сфати дека тоа не е американската химна, па полека ја спуштил раката надолу по телото.

Ова не е единствениот гаф на Џо Бајден на средбата со Нарендра Моди. Имено, тој во еден момент му се обратил со „претседател“ кон него, а потоа се поправил и го нарекол правилно т.е. премиер.