‘Мозокот’ на украинската Армија отворено призна: “Руската одбранбена линија тешко се пробива“

Руските трупи градат силна одбрана и ги предвидуваат акциите на вооружените сили на Украина“, изјави командантот на копнените сили на Украина, Александар Сирски, во интервју за The Guardian.

Непријателот ги предвиде и продолжува да ги предвидува најопасните насоки на нашето движење и гради цврста одбрана која е доста тешко да се надмине“, тврди тој.

Според генералот, руската Армија се обидува да преземе иницијатива и тие „не смеат да бидат потценети“.

Во исто време, како што претходно призна претседателот на Украина, Володимир Зеленски, контраофанзивата се движи „побавно отколку што би сакале“.

Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, денес истакна дека Русија, додека неговата земја се обидувала да ги убеди своите западни партнери да го обезбедат потребното оружје, изградила утврдувања, создала одбранбени линии со длабоки ровови и системи со мински полиња.

Како што нагласи Владимир Путин, сега украинските сили не се успешни во ниту еден од секторите на фронтот. Тој исто така додаде дека Западот ќе го снабдува непријателот со дополнителна опрема, но „резервата за мобилизација на украинските војници не е неограничена“.