Од 1 јануари на Инфективната клиника биле прегледани 47 пациенти со грип, минатата недела се регистрирани 72 случаи на Ковид-19

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава прегледани се вкупно 47 пациенти со грип, соопшти директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ за МВР. Во последните 24 часа на Клиниката се прегледани 22 лица заболени од грип.

На Инфективната клиника во Скопје синоќа се примени двајца пациенти со Ковид, од кои едниот е во тешка состојба, но со друга основна болест.

„На клиниката имаме вкупно четворица пациенти, рече Стевановиќ.

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети за МИА соопшти дека од 25 до 31 декември се регистрирани вкупно 72 случаи на Ковид-19. Најголем дел од нив, 39 се во Скопје, 12 во Прилеп, 10 во Охрид.

На Детската клиника „Козле“ во амбулантно одделение дневно се прегледуваат до 200 деца, кои минуваат низ консултантските амбуланти.

Доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар во оваа болница за МИА изјави дека во моментов има шеесетина хоспитализирани деца.

„Главно се работи за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива категорија, најпогодена се бебињата до една година“, објасни Поповска.

Таа додаде дека и во декември имале приближно ист број заболени.