Физичка пресметка меѓу власта и опозицијата: Поради хаос во парламентот седницата прекината

Со физичка пресметка меѓу власта и опозицијата денеска почна пленарната седница на Собранието на Албанија.

Расправијата главно беше поттикната од редовите на Демократската партија која ја блокираше работата на парламентот, пренесуваат медиумите.

Претседателката на парламентот Љиндита Никола се обиде да воспостави ред во салата давајќи им збор на пратениците од мнозинството. И покрај тоа, пратениците од опозицијата повторно се обидоа да го спречат говорот на социјалистите, попречувајќи ги на говорницата. Седницата веднаш беше прекината по физичка пресметка меѓу пратениците.

И на последната седница, голем број пратеници од опозицијата целосно ја блокираа собраниската говорница, што го спречи почетокот на пленарната седница.