Прегратка за која сите зборуваат: Погледнете ја средбата меѓу Меси и Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ се појави на церемонијата во Париз каде се доделуваше Златната топка за најдобар светски фудбалер. По тој повод Србинот се сретна со Лионел Меси.

Меси во придружба на сопругата Антонела Рокоцо и децата влегол во Театарот неколку минути по Ѓоковиќ кого го видел на пат и застанал да се поздрави.

Тоа беше вистинска пријателска прегратка, а Ѓоковиќ се поздрави и со сопругата. Тој детаљ не остана незабележан од телевизиските камери…