ВИДЕО | Најпознатата старлета во светот откри дека има тетоважа на необично место: “Конечно ставив налепница на браникот…“
Ким Кардашијан за време на овонеделната епизода од хит реалното шоу „The Kardashians“ откри дека има скриена тетоважа на внатрешната страна на долната усна.
На прашањето на Венди Вилијамс во 2009 година дали има некакви тетоважи, таа одговори: „Душо, дали би ставил налепница на браник на Bentley (Бентли) ?“, давајќи ѝ до знаење на јавноста дека нема тетоважи и дека нема намера да ги прави. Но, Ким Кардашијан очигледно го променила ставот кон тетоважите.
Во епизодата, која беше снимена на почетокот на оваа година, Ким Кардашијан му откри на својот близок пријател и фризер Крис Еплтон дека тајно се тетовирала во 2021 година, откако била водителка на шоуто Saturday Night Live, пишува Daily Mail.
„Ова е знак на бесконечност“, накратко објасни популарната Ким Кардашијан.
Епизодата потоа се пресекува на досега невидена снимка од реалити ТВ ѕвездата во салон за тетоважи, сè уште облечена во жешко розовиот костим што го носеше на „after party“ забавата по шоуто.
Иако внатрешноста на устата е едно од најболните места за тетоважа, вотаа ја брише раната, велејќи: „Ова не е ништо“, мафтајќи со средниот прст кон камерата додека славниот тату-артистот си ја работи својата работа.
„Конечно ставив налепница на браникот на Bentley (Бентли)“, додаде таа.
„Никој не знае, никој не го гледа ова. Често заборавам на тетоважата, но одвреме-навреме си ги чистам забите со конец и гледам нешто црно“, раскажала Ким Кардашијан.
Според Page Six, комичарот Пит Дејвидсон, со кого Ким Кардашијан беше во врска, исто така има истетовиран идентичен симбол за бесконечност на неговата клучна коска.