Еве во каква состојбата е Брус Вилис: Ќерката на актерот откри сè во шоуто (фото)

Талула Вилис (29), ќерка на популарниот актер Брус Вилис, гостуваше во „Дру Баримор шоу“ и ги откри сите детали за борбата на актерот со фронтотемпоралната деменција.

– Тој е исто, што мислам дека е најдоброто нешто што можеме да го очекуваме во овој момент –  рече Талула Вилис , а потоа накратко го опиша.

– Гледам љубов кога сум со него, тој ми е татко и ме сака, што е навистина посебно –  додаде таа.

Откако на Вилис му беше дијагностицирана болеста, неговото семејство често зборуваше и споделуваше детали за неговото здравје. Според ќерката на актерот, нивната примарна цел е да ги освестат луѓето за деменцијата.

– Од една страна тоа сме ние како семејство, но во исто време ни е многу важно да ја шириме свеста за оваа болест. Ако можеме да преземеме нешто со ова со кое ние се бориме како семејство и индивидуално за да им помогнеме на луѓето, да го свртиме и да направиме нешто убаво околу него, тоа е многу посебно за нас – рече таа.

Да потсетиме, минатата година на Брус му беше дијагностицирана афазија – нарушување на говорот, по што се повлече од актерството. Овој февруари му беше дијагностицирана деменција. Неговото семејство, вклучително и неговата поранешна сопруга Деми Мур (60), потоа објавија соопштение во кое зборуваа за оваа тешка болест.

– Иако ова е болно, олеснување е конечно да се има официјална дијагноза. ФТД е сурова болест за која малкумина од нас слушнале и може да влијае на секого. За луѓето под 60 години, ФТД е најчеста форма на деменција, и бидејќи може да поминат години за да се добие дијагноза, ФТД е веројатно пораспространета отколку што знаеме, напишаа тие во тоа време.