Убиецот од САД се уште е во бегство – 350 полицајци трагаат по него

Продолжува потрагата по напаѓачот кој уби најмалку 18 и рани 13 лица во масовно пукање што се случи во куглана и бар во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Ова е најсмртоносното масовно пукање во САД оваа година.

Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој е во бегство. Се бара помош од јавноста за да се идентификува осомничениот на сликата, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки кој држи пушка. Во моментов околу 350 полицајци трагаат по убиецот.

Семејството зборувало за мотивот

Роберт Кард, осомничениот за масакрот, е обучен инструктор за огнено оружје и армиски резервист. Поранешните колеги го опишуваат како одличен стрелец. Пушката со која е извршен масакрот е легално купена.

Семејството на Роберт Кардо изјави дека тој неодамна почнал да тврди дека слуша гласови во кугланата и барот, односно дека луѓето од тие места зборуваат за него. Го повикаа да им се предаде на властите. За нападот зборуваше и американскиот претседател Џо Бајден, кој повика на забрана за јуришно оружје.

Во престрелката е убиен и татко на пет деца

Артур Арти Страут бил во Schemengees Bar and Grille кога бил убиен за време на масовното пукање во Левистон, потврди неговиот татко Артур Бернард за филијалата на CNN WBZ. Бернард тврди дека штотуку излегол од ресторанот кога добил информација за пукањето. 

„Лудиот дел е што бев со него пред да се случи, неколку минути, мислам 10 минути пред да се случи. Не возев далеку пред да добијам телефонски повик дека има пукање и знаев каде е тој тој ресторан, на пет метри од вратата“, рече тој. 

Семејството на Страут мислело дека тој е во болница, но потоа ја добиле веста за неговата смрт. Зад себе остави пет деца.