ОВА МОЖЕ ЦЕЛОСНО ДА ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ – Историски момент: Дали САД и Кина ќе ги закопаат секирите ?

Mинистерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, изјавија дека Кина и САД имаат одредени несогласувања и дека е неопходен длабок и темелен дијалог за да се намалат недоразбирањата и да се стабилизираат односите.

Ванг Ји е во тридневна посета на Вашингтон, а на заедничката прес-конференција по средбата со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, првиот човек на кинеската дипломатија кажа дека двете земји имаат заеднички интереси и дека треба заедно да решаваат некои предизвици, пренесуваат американските медиуми.

Кина и САД мора да водат дијалог. Не само што треба да го продолжиме дијалогот, туку разговорите треба да бидат длабоки и темелни, за што побрзо односите меѓу двете земји да се вратат на патот на здрав, стабилен и одржлив развој“, вели Ванг Ји.

Ентони Блинкен накратко кажа дека се согласува со министерот за надворешни работи на Кина и дека со нетрпение очекува идни конструктивни дискусии со неговиот кинески колега.

Во соопштението по средбата, Стејт департментот соопшти дека двете страни разговарале за „подрачјата на несогласување“ и „областите на соработка“, додека Ентони Блинкен повтори дека САД ќе продолжат да се борат за интересите и вредностите на сојузниците и партнерите.

Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека двете страни имале длабинска размена на нивните ставови за односите меѓу САД и Кина и прашања од заеднички интерес.

Ванг Ји

Американските официјални лица пред состанокот рекоа дека ќе му укажат на Ванг Ји дека е важно Кина да ја засили својата улога на светската сцена доколку сака да се гледа како одговорен голем меѓународен играч.

Ванг Ји денеска повторно ќе се сретне со Ентони Блинкен, како и со советникот за национална безбедност, Џејк Саливан.

Не е познато дали Ванг Ји ќе се сретне и со претседателот на САД, Џо Бајден.