Сообраќајка на патот Неготино – Кавадарци, сообраќајот во прекин

Во прекин е сообраќајот на патот Неготино – Кавадарци поради сообраќајна несреќа што се случила кај селото Марена, потврдија за МИА од СВР Велес.

Оттаму рекоа дека увидот на лице место е во тек, станувало збор за сообраќајна несреќа помеѓу три патнички возила. Засега не можеа да дадат повеќе детали.