ВИДЕО | НА ГАФОВИТЕ ИМ НЕМА КРАЈ – Се шири снимка од Џо Бајден за време на Самитот на НАТО каде со погрешно име му се обраќа на Володимир Зеленски: “Овој старец треба да одмори…“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, несоодветно му се обрати на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на Самитот на НАТО во средата, нарекувајќи го со името на непријателот што се обидува да го победи.

Владимир и јас… не треба да сум толку опуштен“, рекол Џо Бајден за време на прес-конференцијата во Вилнус, а потоа се поправил и кажал: „Господин Володимир Зеленски и јас“, пред да продолжи со говорот. Треба да се напомене дека „Володимир“ и „Владимир“ се различни верзии на истото име.

Џо Бајден е склон кон гафови за време на неговиот претседателски мандат, претходно погрешно ги помеша Украинците со Иранци, а исто така прашуваше дали некој пратеник кој починал бил присутен на конференција во Белата куќа. Моментот на погрешно изговарање на името на Володимир Зеленски набрзо стана вирален хит на социјалните мрежи.

слика
Џо Бајден и Володимир Зеленски

Пирс Морган на социјалната мрежа Твитер ја истакна грешката на Џо Бајден, објавувајќи видео со смајли „со врзани очи“.

Еден корисник на социјалната мрежа Твитер го нарече новиот гаф на Џо Бајден „едноставно неверојатно“, а неговиот следбеник додаде: „Овој старец треба да се одмори“.