ВИДЕО | На Интернет се шири бизарна снимка: “Па, погледнете го ова, Владимир Путин му доделува награда на Владимир Путин !?“

Додека целиот свет ги следеше извештаите за смртта на лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, кој загина во приватен авион што се урна во близина на Москва, рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на настан посветен на 80-годишнината од победата на Советските трупи во битката кај Курск.

Оваа информација брзо се прошири низ социјалните мрежи, но една видео-снимка особено ја заинтригира јавноста.

Видеото на кое се гледа како Владимир Путин им доделува награди на учесниците во т.н. „специјална воена операција“ во Украина го сподели и Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

Двојникот на Владимир Путин го награди двојникот на Владимири Путин ?“, накратко стои во описот на објавеното видео.

Под објавата имаше многу коментари бидејќи тоа е тема за која наголемо се зборува со години, а меѓу нив беше и новинарот Марк Тот кој праша дали Евгениј Пригожин навистина загинал во урнатиот авион или и тој е двојник.

Инаку, последен пат за двојникот на Владимир Путин се пишуваше на средбата на лидерите на земјите членки на групата БРИКС во Јужноафриканската Република. Тогаш Владимир Путин, кој се приклучил на состанокот преку видео врска, во еден момент погледнал во левата рака за да го провери времето, но познато е дека рускиот претседател носи часовник на десната рака.

Веднаш, се разбира, се појавија теории дека всушност неговиот двојник заборавил дека Владимир Путин носи часовник на десната рака.