ВИДЕО | НА МЕСТО КАДЕ Е ДОЗВОЛЕНО 80, ТОЈ ВОЗЕЛ НАД 200! Погледнете ја снимката од филмска акција по возач на “BMW“ во Србија кого полицијата едвај го запрела

Припадници на сообраќајната полиција во соседна Србија запреле возач на автомобил марка BMW во Сомбор за прекршок пореди насилно возење.

И покрај ниската температура и снежните врнежи, 34-годишниот возач од Белград го возел возилото со брзина од 217,3 километри на час, на дел од патот на кој дозволената брзина е 80 километри на час. Видео-снимката која ја сподели Министерството за внатрешни работи на Србија од дивото возење на овој човек можете да ја погледнете ОВДЕ.

Прекршителот бил исклучен од сообраќај и против него била поднесена прекршочна пријава за агресивно возење, пишуваат соседните медиуми.

Министерството за внатрешни работи на Србија апелира до возачите да покажат поголема одговорност и да ја намалат брзината на движење во моменталните неповолни временски услови за сообраќај, кога има можност за снег, мраз и голомразица на коловозот, за да не се загрозат и други учесници во сообраќајот.