СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ХРВАТСКА! Граѓаните исплашени: “Се слушна силна експлозија!“, “Добро се тресеше…“

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала во четвртокот ја погоди Хрватска!

Сеизмографите забележале земјотрес во областа Петриња во 15 часот и 20 минути. Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а епицентарот на 15 километри северозападно од Сисак.

Магнитудата на земјотресот била 3,1 степени според Рихтеровата скала.

Силна експлозија, громови, куќата многу се стресе. Страшен звук од пукање на ѕидовите од куќата“, изјавил сведок од Петриња за хрватските медиуми.

Тоа беше убав тресок. Како да удрам со автомобилот во зградата“, изјавил друг сведок од Сисак, кој исто така го почувствува потресот.

За потсетување, областа Петриња беше силно погодена од земјотрес во 2020 година.