САД: Ги осудуваме нападите врз Израел

САД ги осудуваат нападите на палестинската исламистичка група Хамас врз Израел и го поддржуваат правото на Израел да се брани, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Никогаш нема оправдување за тероризмот. Ние стоиме во солидарност со владата и народот на Израел и изразуваме сочувство за израелските животи изгубени во овие напади“, рече Блинкен во изјавата објавена од Стејт департментот.

Блинкен додаде дека САД остануваат во близок контакт со израелските партнери.

Бројот на загинатите Израелци во денешниот напад на Хамас се искачи на 100. Израелските медиуми јавија дека се ранети 800 луѓе.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, по ракетните напади на Хамас и упадот на неговите членови на израелска територија, изјави дека Израел е во војна.