ВИДЕО | На сплавот „Картел“ имало околу 400 луѓе, полицаец скокнал во водата и извлекол девојка која се давела

Синоќа во Белград потона сплав на кој според неофицијални информации имало околу 400 луѓе. Сведоците и евакуираните ги споделија своите искуства, а како што информираат од службата за итни случаи, нема жртви или повредени. На концертот на раперот Цунами се собрале млади луѓе, а како што пренесуваат српските медиуми, се започнало со тепачка во која тој бил повреден и која била пријавена во полиција. По тепачката наредиле да се напушти сплавот и наводно поради гужвата сплавот почнал да тоне.

Во спасувањето на луѓето учествуваа полицајци, припадници на жандармеријата, речна полиција и лекари од итната помош. Неофицијално, на сплавот имало околу 400 луѓе.

Полицијата дојде за само неколку минути. Влегле во водата и ги извлекле луѓето. Видов полицаец кој и помогна на девојка која се давеше. Без размислување скокнал во водата и ја однел кај лекарот за итна помош. Водата беше студена, а луѓето беа исплашени и испаничени“, изјави за Телеграф.рс еден од сведоците.

Акцијата за спасување луѓе заврши утринава околу три часот. Сплавот „Картел“ целосно потона.

Лука Чаушиќ, раководител на секторот за вонредни ситуации, потврди дека нема загинати или повредени.