ВИДЕО | НБА-ЅВЕЗДА ШОКИРАНА ПОРАДИ ЦЕНАТА НА ГОРИВОТО ВО САД – Заработува 45 милиони долари годишно, а 60 денари за литар му се многу !?

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џими Батлер (34 г.) заработи огромна сума на пари во текот на кариерата и ќе продолжи да го прави тоа, бидејќи неговиот договор со Мајами Хит гарантира дека ќе добие 45.183.960 долари во 2023/24 година. 

Сепак, дури и Џими Батлер го почувствува покачувањето на цените во последно време додека се појави на социјалните мрежи за да се пожали на сметката за гас (нафта), а можеби и само се шегуваше со оние кои немаат доволно пари…

Џими Батлер објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како е шокиран поради парите што морал да ги плати за да го наполни до крај неговото скапо Buggati. На крајот, ова задоволство го чинело околу 145 долари, поради што својата загриженост ја сподели со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а неговата реакција можете да ја погледнете ОВДЕ.