ВИДЕО | НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА СНИМЕНА ВО УКРАИНА – Погледнете како оклопно возило наеднаш излева од селска куќа и влегува во акција: “Каков шок за непријателот!“

Неверојатна сцена е снимена од линијата на фронтот во Украина.

На видео-снимката која кружи на социјалните мрежи се гледа како оклопно возило наеднаш пробива ѕид и излегува од напуштена селска куќа ?! На возилото нема видливи ознаки и не може со сигурност да се каже дали припаѓа на вооружените сили на Украина или на Русија.

Исто така, не е познато дали маневрот интервенирал и дали возилото веднаш се вклучило во акција или било скриено внатре во куќата за да не го открие непријателот.

BMP-2 е амфибиско пешадиско борбено возило кое станало дел од тогашната војска на СССР во текот на 1980-тите години. Засега не се знае точно каде е направена снимката.