ВИДЕО | “Влакната на женското тело се убавината!“ – Оваа позната инфлуенсерка е брутално ‘жешка’, а таа со години не ги депилира пазувите и промовира ‘нов’ тренд – погледнете!

Португалката Калита Фајр на социјалните мрежи редовно објавува пораки за важноста да се „сакате себеси“ и позитивно да го прифатете вашето тело, а приказната да биде уште по интересна, таа пред три години решила да им каже не на бричењето и депилацијата.

За важноста на самодовербата и прифаќањето на своето тело со сите негови несовршености никогаш повеќе не се зборувало како во последните неколку години, а секоја вистинска инфлуенсерка и модерна девојка денес го додава хаштагот #bodypositive, англиски израз кој ги обединува сите без размила на изгледот и полот, покрај нејзините фотографии на социјалните мрежи.

Сепак, иако за некои тоа ја означува женската сила што предолго во светот скроен за мажи не можеше да дојде до израз, други веруваат дека она што го промовираат мора, за да бидат искрени, да живеат сами, па се повеќе и повеќе непознати и познати жените јавно ги отфрлаат производите за нега како брич, покажувајќи дека нема да бидат обликувани во наметнатиот стандард на убавина и дека и без разубавување се чувствуваат добро во сопствената кожа.

Една од нив е Португалката Калита Фајр. Иако многумина ја критикуваат за видеата и фотографиите со влакнести пазуви, таа вели дека не и е грижа, па влакната секогаш се во преден план на нејзините фотографии и видеа. Во едно неодамнешно видео, таа позираше во црвено бикини со кренати раце над главата, за да им покаже на сите дека повеќе не поседува брич, а во описот напиша: „Влакната на телото се убавината“.

Во некои други видеа, заедно со косата, девојката покажува и целулит, секогаш нагласувајќи дека ги сака своите несовршености, но нејзините пораки не се секогаш добро примени, па таа редовно добива многу негативни, па и навредливи коментари.