Делови од Хрватска веќе ги зафати најавенoто невреме. Громови и дожд ги зафатија Пореч и Умаг пред неколку часа, објави Истрамет.
За само два часа во тој дел на Хрватска се забележани 25.000 удари од гром.
Во близина на Ровињ е снимена голема пијавица, а видеото го објави порталот Истрамет. Глетката на масивна пијавица на море ја снимиле многу граѓани и туристи, а засега нема извештаи за штети.
Во исто време, изразен бран дожд е забележан на потегот од Пореч до Умаг, каде наврнале и до 25 мм дожд. Слично време не очекува и во остатокот од денот.