ВИДЕО | Нереален гол од МЛС лигата го обиколи светот – Гавран се избрука за сите пари, поради ова сите му се смеат

На натпреварот од МЛС лигата меѓу Атланта Јунајтед и Торонто, забележана е несекојдневна ситуација која ја насмеа локалната фудбалска јавност, а голманот Лука Гавран се избрука!

Во последните секунди од играта, односно во седмата минута од судиското надополнување, Лука реагираше крајно несериозно и прими гол каков што не се гледа толку често.

Наместо само да ја „шутира“ топката, поради неговото невнимание дозволи таа да заврши во неговата мрежа.

Џемал ​​Тијаре се сокри зад него, чекаше голманот да ја испушти топката и потоа дојде најлесниот дел од работата – побегна од чуварот на мрежата и ја затресе празната мрежа.

Тој натпревар Атланта го доби со резултат 2:1, па овој пораз од Торонто дефинитивно оди на душата на Лука Гавран.