ВИДЕО | Нереална сцена од голема спортска ѕвезда: Легендата на НФЛ лигата земал еден милион долар по банкноти од еден долар и заминал директно во стриптиз бар

Еџерин Џејмс, некогаш голема легенда на НФЛ, објави нереално видео во кое вози милион долари во комбе и оди во стриптиз бар за да ги потроши истите.

Еџерин Џејмс обезбедил милион долари по банкноти од еден долар, а виралната видено-снимка можете да ја погледнете ОВДЕ.

Еџерин Џејмс претходно подигнал пари од банката, го наполнил комбето и се упатил кон крајната дестинација. 

Тој поголемиот дел од својата кариера го помина со Колтс. Тој има и прстен од Супер Боул од 2006 година. Тој беше избран во „Куќата на Славните“ („Hall of Fame“) на НФЛ пред три години. За 11 години во оваа лига, тој истрча 12.246 јарди и е 13-ти на сите времиња.

Според проценките, тој „тежи“ е околу 40 милиони долари, па овој „милион“ не му значи многу.

Еџерин Џејмс моментално живее во Мајами. Тој е татко на шест деца, од кои синот Еден тргна по стапките на својот татко, а Еџерин Јр. се појавува како голема кошаркарска надеж.

Од парите заработени во кариерата, таткото на своите деца им обезбедил образование на престижни универзитети, па од тој аспект се мирни.