ОБЈАВЕНИ НЕВЕРОЈАТНИ ДЕТАЛИ ЗА МАСАКАРОТ НА ДЕТЕТО-МОНСТРУМ ВО БЕЛГРАД – “За 30 секунди можевме да бидеме спасени, но…“

Само 20 до 30 секунди биле потребни за спасување шест ученици од клас VII-2 во основно училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. За жал, никој не можел да претпостави дека детето-монструм во кабинетот по историја ќе тргне во крвава „гозба“, ќе убие соученици, ќе повреди пет ученици и една професорка по историја.

Според полициската реконструкција, толку време поминало од првиот истрел во училишниот ходник до доаѓањето на убиецот во кабинетот по историја. Да знаела професорката што се случува и да ја заклучела вратата, децата од нејзиниот клас веројатно ќе преживеале. Овие неофицијални сознанија на српските медиуми ги поткрепува и сведочењето на еден ученик кој во моментот на пукањето бил на пракса во тој кабинет.

Се спасил само благодарение на брзата реакција и бегството низ прозорецот до кој седел. Тој повикал полиција кога се нашол на улица. Речиси во исто време некој од конференциската сала се јавил на 192, а последен што повикал полиција бил самиот убиец по масакарот кој не само што ја потресе соседна Србија, туку и целиот регион.

Вака еден ученик ги опишал тие моменти во обвинителството.

Дојдов на училиште помеѓу 07:50 и 07:55 часот. Како и обично, се поздравив со обезбедувањето Драган Влаховиќ. Потоа ја чекав менторката, професорка по историја, да го отклучи кабинетот и влегов со неа. Децата влегоа по нас. Часот траеше првите 35 минути сосема нормално, а потоа околу 08:36 или 08:37 се слушнаа истрели од училишниот ходник. Не бевме сигурни од каде доаѓа звукот, мислевме дека се петарди. Мислам дека слушнав околу 15 истрели наизменично, а потоа молк од 20-30 секунди“, наведува ученикот и вели дека седел во последната клупа до прозорецот, дијагонално од влезот во кабинетот.

Настана тишина, можеби некој кажа нешто, но сите се запрашавме што се случува. Тогаш тоа момче, чие име сè уште не го знаев, ја отвори вратата, се гледаше подадена рака со пиштол, а ранецот му висеше од рамото до колкот. Тој го впери пиштолот кон професорката, по што скокнав низ отворениот прозорец, но не сум сигурен дали го слушнав истрелот за време на скокот или непосредно пред тоа. Не знам дали прв ја застрела професорката, но откако излегов истрчав кон оградениот дел од дворот и видов дека уште две-три момчиња скокнале и побегнале“, раскажува ученикот и додава дека слушнал многу истрели сето тоа време.

Не можам точно да кажам колку, но се слушаа цело време додека трчавме кон излезот. Кога излегов, имаше гласови, врисоци и извици“, рекол ученикот.

Веќе при излегувањето од дворот кон Цвјетни, ученикот истакнува дека го видел детето-монструм, и дека знаел дека ученикот е VII-2 затоа што го видел претходно.

Забележувам дека не се сеќавам на ништо посебно за него, но знаев дека е од тој клас. Пред овој настан двапати бев на час со VII-2, имав белешки. Не забележав никаков посебен однос кон него, ниту нешто друго карактеристично во однос на него“, изјавил ученикот во обвинителството, а потоа детално ја опишал положбата во која го видел момчето кое пукало.

Вратата од кабинетот се отвора нанадвор, кон ходникот. Кога ја видов раката со пиштолот беше мирна, не трепереше, а изразот на лицето според мене беше ладнокрвен“, наведува ученикот и нагласува дека додека бил во кабинетот не слушнал ниту збор од убиецот.

Професорката по историја се уште закрепнува од раната нанесена од момчето-монструм. Таа дала изјава во полиција за инцидентот, но не е подготвена да зборува за медиумите.

Застанала пред пиштолот на убиецот мислејќи дека ќе го смири и дека ќе го спушти оружјето. Наместо тоа, тој пукал во неа. Не можеме ни да замислиме на што размислувала во тие секунди, ниту какви спомени од трагедијата има сега“, изјавила една нејзина колешка.