ВИДЕО | “НЕ МОЖЕШЕ ДА СЕ СОЗЕМЕ!“ – ‘големиот’ Александар Вучиќ остана без зборови откако новинар му го постави ова незгодно прашање: “Дали и денес би го направил истото !?“
Новинарот на српскиот веб-портал Nova.rs, Жељко Вељковиќ, го шокираше Александар Вучиќ со своето прашање на вчерашната прес-конференција во врска со масакрот од основното училиште во Белград.
Прашањето имало таков ефект што на Александар Вучиќ му требале неколку секунди да се освести, а видеото набрзо се прошири како „шумски пожар“ на социјалните мрежи.
„Велите дека децата не гледаат телевизија, но дали би направиле нешто поинаку сега… на тие деца им покажавте фотографии од убиени и здробени луѓе (наводни жртви на криминалниот клан предводен од уапсениот Веља Невоља) и зборувавте за сето тоа со гордост. Дали мислете дека тоа би можело да придонесе за ова денес ? Дали би го направиле истото и денес ?“, прашал новинарот на Nova.rs
Александар Вучиќ најпрвин видно занеме, а потоа некако успеа да се соземе. Во типичен стил, избегнувајќи директен одговор на прашањето, тој одговори: „Се надевавме дека денес ќе имаме малку почит кон жртвите, дека ќе имаме почит кон семејствата… Можам да зборувам за мојата одговорност. Тешко ми е да кажам, но не гледам што можеше да биде поинаку… Што се однесува до мојата одговорност и прикажување на фотографиите, тие беа прикажани за никогаш да не се случи такво нешто повторно“, заклучил на крајот српскиот претседател Александар Вучиќ.