Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ моментално одмара . Италијанските медиуми ги добија фотографиите од Марбела, каде тој ужива со семејството, па сега сите отидоа во познатото шпанско летувалиште за да го ѕирнат Србинот.
Така што секој негов потег се следи и на одмор, па на социјалните мрежи редовно кружат нови видеа. А одморот од турнирот, меѓу другото, Новак го искористи и за снимање на реклама , а по пристигнувањето на локацијата реши да се пошегува со присутните .
И додека сите останаа без здив, целосно шокирани и во страв, набрзо им стана јасно дека се е само шега.
За среќа, не е ништо сериозно, бидејќи Новак сега го очекува пеколен месец јануари и одбрана на бодовите.