ВИДЕО | НОВА ‘ДИЕТА’ – Ова е вистински хит: “Јадев три пати на ден во McDonald‘s, така 100 дена! Изгубив 26 килограми, еве како го направив тоа“

Еден возрасен човек од Нешвил, САД, кој јадел само од McDonald‘s (Мекдоналдс) за појадок, ручек и вечера 100 дена по ред, се пофалил со своето изненадувачко слабеење на последниот ден од неговата необична „диета“, која започнала на почетокот на оваа година.

Имено, 57-годишниот Кевин Магинис рекол дека од 107 килограми паднал на 81 килограми, односно изгубил неверојатни 26 килограми, држејќи се до помфритот и хамбургерите во познатиот синџир за брза храна. Кевин Магинис стана вистинска сензација кога почна да ја документира својата „диета“ за слабеење на 21. февруари, пишува NY Post.

Тој објаснил дека дел од неговата тајна на успехот е тоа што јаде само половина од понудената храна на секој оброк пие само вода наместо газирани пијалоци. Исто така, цели 100 дена не конзумирал алкохол и не јадел грицки.

Бидејќи јадев толку малку, секогаш бев гладен до следниот оброк“, рекол овој човек и ги повикал другите „да престанат да ја оцрнуваат храната“ и да се фокусираат на порциите.

Дали има подобри микронутриенти или макронутриенти за здравјето на мозокот ? Апсолутно. Но, кога станува збор за справување со дебелината, намалете ја големината на оброците“, објаснил тој.

Тој тврдел дека и неговата крвна слика се подобрила, истакнувајќи дека триглицеридите му паднале за 205 поени, а холестеролот за 65 поени.

Кевин Магинис има објавено бројни видеа на социјалната мрежа Тик Ток за диети за да биде одговорен и мотивиран да изгуби тежина. Диетата станала толку успешна што дури и неговата сопруга започнала сопствена ваква диета.