ФОТО | Вака изгледа војната на Владимир Путин: Погледнете го моментот кога една баба сфатила дека останала без внуката и ќерката: “Ова е геноцид, не војна!“

Три лица го загубија животот во воздушен напад на украинската престолнина во четвртокот рано наутро, меѓу кои и две деца, соопштија градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и воените власти.

Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Дешњан“, објави воената управа на градот Киев на социјалната мрежа Телеграм.

Две деца (5-6 и 12-13 години) се меѓу загинатите во областа Дешњан“, стои во објавата на социјалната мрежа.

Градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко на социјалната мрежа Телеграм напиша: „Според првите информации добиени од спасувачките екипи, во тој дел на Киев се пронајдени тројца мртви, меѓу кои две деца и четворица ранети“.

Сцените од местото на инцидентот во Киев се крајно вознемирувачки. Фоторепортерите „уловиле“ постара госпоѓа како се приближува до местото каде што паднала руската ракета и каде на земја лежеле безживотни тела. Набргу старицата сфатила дека тоа се нејзината ќерка и внука. Погледнете ги потресните моменти од кои се заледува крвта на секој човек.

Ова не е војна, ова е геноцид! На луѓето им е доста, бесни се. Ова е чист геноцид врз Украина и украинскиот народ од Русија“, изјавил Виталиј Кличко.

Рано наутро руски проектили погодија градинка и три училишта, а детонациите ја потресоа метрополата само четири минути откако се огласиле сирените претходниот ден.

Сте виделе се. Руската политика е терористичка политика“, додал градоначалникот на Киев.

Неколку руски ракети беа истрелани врз главниот град на Украина оваа недела.

Во понеделникот жителите на Киев мораа да бараат засолниште поради необичен напад во текот на денот.