ХОРОР ВО МАРИБОР – Словенец (20 г.) е осомничен дека ја задавил својата девојка од Србија: “Два дена спиел покрај нејзиниот труп…“

Страшен случај ја потресе Словенија, каде 20-годишниот Словенец Лазар Т. е осомничен дека ја убил својата девојка Србинката Емилија М. (27 г.). Словенечките медиуми јавуваат дека тој прво ја претепал, а потоа ја задавил.

Една соседка за словенечките медиуми изјавила дека слушнала женски врисоци од станот во Марибор, каде што се случило злосторството. Но, кога сакала да повика полиција, врисоците престанале.

Словенечките медиуми пишуваат и дека осомничениот за убиство два дена спиел покрај нејзиниот труп. Наводно се се случило во четвртокот, а делото е откриено во понеделникот.

Словенечките медиуми пишуваат дека и младото момче и починатото девојче и претходно биле познати на полицијата. Двајцата, наводно, имале забрана за задржување на нивните мајки, а тој имал пријава и за нарушување на јавниот ред и мир поради тепачки и проблеми со дрогата.