ВИДЕО | НОВА УЖАСНА СНИМКА ОД ФРОНТОТ ВО УКРАИНА – Војници ужасно бегаат од погодено оклопно возило, не можат да ја отворат вратата, а еден од нив останал без нозе – вознемирувачко

Камера на тело на војник снимила вознемирувачка сцена на фронтот во Украина, а снимката е споделена и на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како екипажот на погоденото оклопно возило очајно се обидува да ја отвори вратата и да избега на безбедно. Двајца војници на крајот успеваат да излезат и да извлечат тешко ранет другар кој ги изгубил двете стапала.

Сè уште не е познато дали оклопното возило било погодено за време на напад на спротивставените сили или налетало на нагазна мина, што можеби е поверојатно со оглед на повредите на војниците.

Во објава на социјалните мрежи се наведува дека се работи за припадници на вооружените сили на Украина кои се обидуваат да излезат од оклопното возило Breadly, оклопно возило кое било донирано на КиевСАД, но тоа не може да се потврди со сигурност.

Засега не се знае каде и кога е направена видео-снимката.