Тешка сообраќајка кај ТЦ „Бисер“, возачот пренесен за укажување лекарска помош

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во близина на Трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром во Скопје, потврдија за МИА од МВР.

Од МВР потенцираат дека во 15:06 часот, возило „тојота“ удрило во жардињера на булеварот кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром.

Екипите на брзата помош излегоа на местото на несреќата, а возачот е пренесен за укажување на лекарска помош.