ВИДЕО | НОВО МАЕСТРАЛНО ШОУ НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО – Постигна два гола и ја донесе победата на Ал Наср во азиската Лига на шампиони

Фудбалерите на Ал Наср од Саудиска Арабија остварија нова победа во азиската Лига на шампиони. Тие на домашен терен го победија катарскиот Ал Духаил со 4:3 во третото коло од групата Е.

Херој на домашната победа беше неуништливиот Португалец Кристијано Роналдо, кој постигна два гола. Посебно убав беше првиот во 61. минута, кога од 20 метри шутираше со левата нога и ја погоди спротивната мрежа за 3:0.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ПРВИОТ ГОЛ НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ОВДЕ

Инаку, Ал Наср водеше со 3:0, тешко дојде до победата. Гостите во 85. минута со гол намалија на 3:4, но сепак не успеаја да дојдат до бод. Заедно со двата гола на Кристијано Роналдо, Талиска и Сенегалецот Садио Мане додадоа по еден за Ал Наср.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВТОРИОТ ГОЛ НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ОВДЕ

На ранг-листата Ал Наср има максимални девет бодови, додека ирански Персеполис е на второто место со шест бодови.