ВИДЕО | НОВ ИНЦИДЕНТ ВО СОБРАНИЕТО НА КОСОВО – Албин Курти погоден со шише, пратениците на нозе, а хаосто продолжува да владее – погледнете!
Собранието на Косово во Приштина денес продолжи со работа по нередите и тепачката меѓу пратениците, но народните избраници на опозициската Демократска партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината ја блокираа собраниската говорница барајќи седницата да се прекине.
Повторно имаше физички контакт меѓу претставници на владејачката партија и претставници на Демократската партија на Косово, а откако дошло до општа метеж, влегло обезбедувањето.
Шише полетало во правец на премиерот на Косово, Албин Курти, а во еден момент до него дошло обезбедувањето и раширило чадор.
Според весникот Koha, претходно Глаукус Коњуфца изјавил дека граѓаните ќе судат кој го започнал денешниот конфликт и дека во интерес на сите е што поскоро да се надмине оваа ситуација.
„Да ја продолжиме седницата онаму каде што застанавме, а дури и Албин Курти имаше волја да не се откаже од своето обраќање“, изјавил тој.
„Граѓаните чекаат да продолжиме нормално. Ќе одиме на избори кога сакате“, нагласил Глаукус Коњуфца и побарал од пратениците со разбирање да ги надминат проблемите и да продолжат со пратеничките прашања на седницата, додавајќи дека тоа се барањата на граѓаните. Тој посочи дека тој се надева дека денешните немили сцени нема да се повторат.