Koenigsegg Regera, хиперавтомобил стар 10 години, повторно постави нов рекорд во забрзување.
Regera забрзуваше од 0 до 250 милји на час и целосно застануваше за 29,6 секунди, односно стигна од 0 до 400 км/час, па забави на 0 км/час за 28,81 секунди.
Ова е навистина импресивно, особено поради фактот што многу помодерниот хиперавтомобил Rimac Nevera неодамна ги „украде“ тие рекорди, но и неколку други.
Многумина ќе постават логични прашања, дали се работи за модифицирана верзија со поголема моќност и подобра аеродинамика, дали е можеби прототип, но одговорот е едноставен. Откако Regera излезе во 2014 година, технологијата на гумите е подобрена, а шарата овојпат се чини дека е подобра од претходните обиди.
Koenigsegg искористи нов сет на гуми Michelin Cup 2 R, најде подобра подлога и подобри услови од застарениот аеродром каде беше поставен претходниот рекорд, а резултатот е нов рекорд.
Исто така, се поставува прашањето зошто да се бркаат нови рекорди кога Regera веќе не се произведува или продава, а во овој случај одговорот е едноставен. Затоа што може…
Како што е потврдено од Racelogic, Regera ги постигна следните времиња:
0-250-0 милји на час: 29,6 секунди
0-250 mph: 21,35 секунди
250-0 mph: 8,25 секунди
0-400-0 км/час: 28,81 секунди
0-400 км/час 20,68 секунди
400-0 км/час: 8,13 секунди.
За новите рекорди зборуваше и Мате Римац, хрватскиот визионер и „татко“ на Nevera, кој е во пријателски односи со Кристијан фон Кенигсег. Тој најави продолжување на битката.
„Сè уште сме пријатели. Играта може да почне…“, рече Римац.