ВИДЕО | “НОЌНИ АВАНТУРИ“ – Претседателот на Чиле фатен како ноќе влегува во стан на мистериозна жена – јавноста во шок

Откако медиумите почнаа да зборуваат за наводното раскинување на претседателот на Чиле, Габриел Бориќ, со неговата партнерка Ирина Караманос, набрзо во јавноста протекоа неколку видеа на кои се гледа како претседателот навечер оди во стан каде се среќава со мистериозна жена.

Видео-снимката од безбедносните камери е направена во октомври, а идентификуван е и еден од главните телохранители на Габриел Бориќ, кој го чекал пред станот – видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Откако видеата станаа јавни, пратеникот Андрес Жуанет испрати писмо до министерката за внатрешни работи и јавна безбедност, Каролина Тоха, барајќи неколку одговори од властите, како на пример колку пати чилеанскиот претседател ја посетил локацијата, колку време престојувал и дали се преземени безбедносни мерки.

Јавно е познато дека претседателот на Чиле во неколку наврати ја посетил младата дама во текот на ноќта, во станбена зграда каде очигледно немало неопходни безбедносни мерки со оглед на неговото достоинство и положба. Претседателот може да се види како влегува и излегува од наведеното место без придружба внатре во објектот, а вообичаено е претседателот да има постојана придружба. Колку пати претседателот бил на тоа место и колку долго останал внатре ?“, прашува тој во писмото.

Дали обезбедувањето на претседателот на државата извршило увид во објектот и околината ? Дали имало екипа што ги проверила безбедносните услови околу станот и внатре во него ? Во случај претседателот на државата претходно да престојувал на тоа место, какви безбедносни мерки биле усвоени ?“, се некои од прашањата до властите во Чиле, пренесуваат тамошните медиуми.