ВИДЕО | ОБДУКЦИЈАТА ОТКРИВА КАКО Е УБИЕНА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА!? Не е точно дека девојчето починало од задушување за време на киднапирањето, видни турски адвокати му помагаат на Палчо!?
На речиси неполн месец по киднапирањето и бруталното убиството на Вања Ѓорчевска (14 г.), полицијата наводно ги демантираше гласините што се раширија низ државата дека девојчето е задушено при киднапирањето.
Според информациите кои ги споделија дел од медиумите, Вања Ѓорчевска била убиена со истрел од пиштол во главата. Имено, се уште нема официјална потврда за вештачењето на оружјето и обдукцијата на телото.
Судејќи според претходните пишувања на дел од медиумите, иако ниту полицијата, ниту обвинителството се уште не соопштуваат ништо, веста за обдукцискиот наод најверојатно е точна.
Бидејќи од киднапирањето до убиството поминале само два часа и 40 минути, се претпоставува дека киднаперите кога дознале дека полицијата интензивно трага по Вања Ѓорчевска решиле да ја убијат. Имено, се претпоставува дека девојчето било киднапирано поради изнуда и дека мајката од страв за својата ќерка нема да ја алармира полицијата. Меѓутоа, мајката на Вања Ѓорчевска веднаш откако наставничката ја известила дека таа не пристигнала на училиште повикала полиција и започна огромна потрага.
Како и претходно откривме во анализите на емисијата „Во Центар“, девојчето било киднапирано на влезот од нејзината зграда кога тргнала на училиште. Ја пикнале во голема вреќа за спиење и ја фрлиле во багажникот на автомобилот, за неколку часа подоцна да биде убиена.
И додека македонските институции најавија дека случајот практично е расчистен бидејќи осомничените го признале делото, тоа, не е точно, бидејќи се уште првоосомничениот Љупчо Палевски, попознат како Палчо, кој по злосторството побегна во Турција, не е вратен во Македонија. Се верува дека несреќната девојка ја убил со истрели во главата.
Инаку, Љупчо Палевски поради неговите десничарски ставови е експонирана и контраверзна личност во македонската јавност, а детално анализа за Палчо направи токму споственикот на веб-порталот www.vocetnar.com и автор на емисијата „Во Центар“, Васко Ефтов, а тоа можете да го погледнете во видеото објавено на Јутјуб каналот Vasko Eftov.
За убиството на Вања Ѓорчевска осомничени се вкупно пет лица, од кои тројца – Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видески се во притвор во Скопје. Приведен е и нејзиниот татко Александар Ѓорчевски, кој негира дека е вмешан во случајот, иако еден од осомничените во исказот изјави дека токму тој му дал на Палчо информации за распоредот односно движењето на Вања Ѓорчевска. Иако нејзината помлада сестра, која тој ден немала прв час, секојдневно одела на училиште со неа, не се знае дали и таа требало да стане жртва на киднапирање. Инаку, таткото на Вања Ѓорчевска е човек со „сомнителна“ репутација, додека неговата мајка Зорица Ѓорчевска која се развела од него е релативно богата жена, па оттука и претпоставката дека тој самиот имал голема улога во обидот да ја изнуди поранешната сопруга преку киднапирањето на нивната ќерка.
Според информациите кои доаѓаат од Турција, ангажирани се видни адвокати за да го пролонгираат испорачувањето на Палевски на Македонија, но во изјавата за порталот Во Центар, министерот на полицијата, Оливер Спасовски вели дека имаат план и дека целата операција ќе биде реализира согласно тој план.