“НАЈБЕСРАМНОТО ЛИЦЕ НА РЕЖИМОТ!“ – Мариника Тепиќ оставена на (не)милост: “Полицијата не ме пушти да го земам лекот, половина час ја вртеа главата“

Пратеничката на ССП, Мариника Тепиќ, која со денови штрајкува со глад, изјави дека полицијата не и дала половина час да влезе во зградата на РИК (Републичката изборна комисија на Србија) за да земе лекови откако им се обратила на демонстрантите во Белград.

Мариника Тепиќ

Да потсетиме, таа веќе седум дена штрајкува со глад и престојува во зградата на РИК. Во штрајкот ѝ се придружија уште шестмина поранешни пратеници и претставници на коалицијата „Србија против насилството“.

Сосема е неверојатно и срамно што како пратеник кој седми ден штрајкува со глад во Република Србија поради изборна кражба, полицијата ме држеше половина час пред заклучената врата за да не можам да си го земам лекот. Полицијата ја држеше вратата заклучена и ги вртеше главите дури и додека го покажував резот во раката за дневните инфузии. Дури по половина час стоење пред вратата на РИК, каде веќе седум дена ‘живеам’ во собраниските простории, кога бројни граѓани почнаа да викаат ‘отвори врата’ – ме пуштија да влезам. Најбесрамното лице на овој режим досега“, изјави Мариника Тепиќ за N1.