ВИДЕО | Обожавател истрча на теренот и го ‘нападна’ Лионел Меси, а реакцијата на личниот телохранител е апсолутен хит на Интернет – погледнете!
Американците го нарекоа „блокбастер“, а тоа е во целосна смисла на зборот. Пресметката во рамките на МЛС Лигата помеѓу Лос Анџелес и Интер Мајами беше многу повеќе од обичен натпревар. Од една страна домаќинот, клубот кој сезонава го брка самиот врв, а од друга – самите ѕвезди. Лионел Меси и компанија од Флорида го добија натпреварот со 3:1, а магичниот Аргентинец одигра уште еден добар дуел со две асистенции.
„Нападот“ од еден обожавател го преживеа Лионел Меси при резултат 2:0 за Интер Мајами. Имено, обожавателот истрчал од трибините на теренот на стадионот „БМО“ во Лос Анџелес и со полна брзина тргна кон Лионел Меси. Обожавателот им избегал на обезбедувањето на стадионот, но во последните метри го фати личниот телохранител на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.
Со оглед на тоа дека обожавателот втрча на теренот со дресот на Барселона, не сме убедени дека сакал да му наштети, туку дека сакал само да го поздрави, но повторно… Непријатен момент спречија луѓе од личната служба на Лионел Меси.
На социјалните мрежи кружи список на познати ѕвезди кои присуствувале на дуелот. На списокот има спортисти, актери, пејачи, луѓе од јавниот живот… Меџик Џонсон, Леброн Џејмс, Леонардо ди Каприо, принцот Хари и Меган Маркл…
Инаку, Интер Мајами со победата малку се доближи до позицијата да се пласира во плеј-офот на МЛС по турбулентната сезона. Местото за вајлд-карта им бега пет поени, но тие имаат неколку натпревари помалку од нивните конкуренти.