ВИДЕО | ОБЈАВЕНИ ДРАМАТИЧНИ СНИМКИ – Израелските “Фоки“ упаднаа на контролен пункт: Убија 60 борци на Хамас и ослободија 250 заложници
Израелските вооружени сили (ИДФ) објавија драматични видео-снимки од моментот кога елитните трупи ја вратија контролата врз контролниот пункт Суфа долж јужната граница со Појасот Газа, кој претходно го држеше Хамас и ослободија 250 заложници.
Во четвртокот вечерта беше објавено видео од камери на телото на војниците што ги носеа припадниците на елитната поморска командна единица „Фоки“ (Flotila 13).
Телата се гледаат на подот на затемнета просторија. Не се знае дали станува збор за заложници или терористи. Во друга просторија може да се види група луѓе како стојат додека влегуваат војници – се претпоставува дека се заложници.
Гранати летаат додека војниците се впуштаат во акција против терористите. Израелците се прикажани како фрлаат гранати во собите за да ги избркаат напаѓачите на Хамас. На снимката се гледа како гол маж со крвав грб е изваден и врзан со лисици.
„Шајет, Шајет, остани во бункерот, доаѓаме“, вика еден од офицерите користејќи го хебрејското име за својата единица.
Идентитетот и националноста на спасените не се откриени, а околу 20 киднапирани Американци се уште се водат како исчезнати.
Видео-снимката од акцијата на израелската Армија можете да ја погледнете ОВДЕ.
Неколку часа по објавувањето на видеото, израелската Армија им нареди на жителите на градот Газа да се евакуираат за своја безбедност, пред очекуваната израелска копнена офанзива.
ИДФ соопшти дека убила 60 терористи на Хамас и уапсила 26 – меѓу нив и Мухамед Абу Али, заменик-командант на јужната поморска дивизија на Хамас. Инаку, „Фоки“ е еквивалент на елитните американски морнарички фоки.
Заложниците земени од блискиот музички фестивал и од и селата во близина на Појасот Газа беа префрлени во Газа, за да се користат како жив штит. Нивната локација е непозната, но се смета дека тие се чуваат во тунели под земјата и често се движат за да спречат спасување.